Нашата приказна
Здружението Центар за истражување, едукација и развојни политики ЕДУРЕС – Прилеп е граѓанска организација која поведува иницијативи и учествува во градењето на јавното мислење и креирањето на политиките во областа на социо-економскиот раст и развој.
Здружението се залага за решавање на општествените предизвици во областа на образованието, економијата, промовира, информира и реализира активности за унапредување на социо-економските појави и процеси.
Цели и задачи
Основна цел на Здружението Центар за истражување, едукација и развојни политики ЕДУРЕС Прилеп е промовирање иницијативи и предлагање мерки и активности за унапредување на легислативата, подигнување на јавната свест преку истражување на главните социо-економски и културни проблематики, како и едукација и афирмација на младите, жените и маргинизираните групи во општеството.
Цели:
Извештаи